Map Graph

Стара Колиба (Љубаништа)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Стара Колиба - Ќошот — археолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Претставува населба од римско време. Југозападно од селото, на просторот помеѓу реката Чарава и западната граница на овоштарникот на земјоделската задруга, на површина од околу 5 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, множество градежен материјал, а се забележуваат и темели од објекти.

Read article